Вие сте тука:   Дома Блог Разно Совети за пакување

Совети за пакување

Печати
suitcasepackingИако повеќето од нас сакаат да патуваат, малкумина се оние кои исто толку сакаат да се пакуваат. Пакувањето понекогаш знае да биде стресно, меѓутоа малку организација и навремено планирање можат да ве поштедат од многу главоболки. Идеалното пакување обично подразбира да биде искористено сè она што сте го понеле барем еднаш. Затоа, да почнеме со тоа што треба да земете.
Иако повеќето од нас сакаат да патуваат, малкумина се оние кои исто толку сакаат да се пакуваат. Пакувањето понекогаш знае да биде стресно, меѓутоа малку организација и навремено планирање можат да ве поштедат од многу главоболки. Идеалното пакување обично подразбира да биде искористено сè она што сте го понеле барем еднаш. Затоа, да почнеме со тоа што треба да земете.

Облека

02-wd1209-Carry-On-Luggage_mediumИзберете облека која е соодветна со климатските прилики на местото каде патувате.

Држете се до една основна комбинација на бои, најдобро е тоа да бидат темни бои на кои не се забележуваат дамки и кои нема да се гужваат толку многу.

Носете облека која можете да ја комбинирате на повеќе начини, на пр. машките шорцеви можат да послужат и за бањање, а женското танкини може да послужи и како дел од вечерната облека.

Земете повеќе тенки парчиња облека, кои можат да се носат во слоеви, наместо едно дебело парче облека која ќе зафаќа многу простор.

Долгата марама може да биде многу практично парче облека кое може да се носи како сукња, фустан, околу врат, може да послужи како крпа на плажа, чаршав, дури може да ја искористите и како ташна.

Чевлите се секогаш комплицирани - тешки и зафаќаат многу простор. Обидете се да ги носите на нозе оние кои зафаќаат најмногу простор. Ограничете се на три пара: едни удобни за долго пешачење, пар сандали или апостолки и еден пар за вечерно излегување.

Земете ги во предвид локалните обичаи кога избирате облека која ќе ја понесете на патувањето. Не пакувајте шорцеви и маици на прерамки, без разлика кој е вашиот пол, ако патувате на Блискиот Исток или некоја друга муслиманска земја како што се Индонезија, Малезија и Турција. Нема да ви биде дозволен влезот и во црквите во европските земји вклучително и во Шпанија и Италија, ако сте облечени во шорцеви или во друга несоодветна облека.

Прибор за лична хигиена

pribor_za_licna_higienaЗемете минимум. Доколку одите на кратко патување земете мали пакувања од козметичките производи кои ги користите. Ако, пак, одите на подолго патување, не земајте со вас залихи за шест месеци - можете да купите речиси сè, секаде каде одите.

Ако патуавте со авион, не носете неискористени т.е неотворени шишенца со козметика - течноста заради промената на воздушниот притисок ќе истече, затоа искористете го барем еднаш секое од шишенцата за да го избегнете овој проблем.

Бидете сигурни дека торбичката со приборот за лична хигиаена или несесерот се водоотпорни - голем дел од нив не се, а шишенцата се кршат често.

Што да не пакувате

sto_da_ne_pakuvateСè она што го земате „за секој случај.“

Мобилен телефон, освен ако не се информирате на време дали тој ќе можете да го користите на дестинацијата каде сте тргнале и каков е роамингингот таму.

Кaкви било електрични апарати, освен ако не сте сигурни дека таму кај што патувате има приклучоци за струја кои ќе одговараат. Дали навистина ви се потребни некои електрични апарати? Дури и евтините хотели често обезбедуваат фенови или пегла доколку побарате.

Сè она што за вас има сентиментална вредност или е вредно - може да се случи да ви биде украдено, да го изгубите или да го заборавите некаде.

Торбица, ранец или куфер на влечење?

torbica_ranec_iliКога веќе ќе одлучите што да земете на одмор, изберете и соодветни патни торби, а не обратно. Вашата торба треба да одговара на она што сакате да понесете. Не се пакувајте само за да ја наполните истата.

Запрашајте се дали физички сте способни да го носите багажот на вашиот грб, на рамо или влечејќи го на колца. Луѓето кои имаат проблеми со грбот претпоставуваат дека куферите со влечење се најдобрата опција, но тоа не мора да е вистина - на крајот може да завршите свиткани во обидот да го влечете куферот со себе,
што може да се претвори во вистинска агонија. Наместо тоа, подобро е да размислите за ранец кој удобно лежи на грбот.

Торбиците кои се носат на едно рамо се ефикасни и на дофат на раката, меѓутоа не се удобни ако треба да ги носите подолго време. Торбиците, нормално, се и помалку безбедни од цврстите куфери кои можат да се заклучат. Куферите се најдобра заштита доколку носите вредни работи - но сериозно размислете дали имате потреба да носите такви вредни предмети.

За правилна распределба на тежината потешките работи ставете ги на дното на куферот, особено ако тој е на влечење зошто така ќе биде постабилен.

Не заборавајте

  • Да ги понесете картите, резервациите, пасошите, кредитните картички, телефонските броеви и адреси кои се важни за вас (доколку се случи нешто непредвидливо), а добро е да си земете со себе и пенкало.
  • Да оставите празен простор во вашиот куфер, зошто сигурно ќе се вратите со повеќе багаж отколку што сте тргнале. Оставете место и за сувенирите и работите кои ќе ги купите на патувањето.



AddThis

naskoro

qbe300

iguana hostel web

Следете нè

facebook twitter youtube_64 feeds_64x64


aviobileti

Време

72°
22°
°F | °C
Partly Cloudy
Humidity: 60%
Sat
Mostly Sunny
45 | 75
7 | 23
Sun
Mostly Sunny
43 | 73
6 | 22
Mon
Chance of Rain
45 | 70
7 | 21
Tue
Mostly Sunny
39 | 70
3 | 21

Конвертор

Сума   во    

partneri_1

 

Има 150 гости присутни