Вие сте тука:   Дома Блог Лето Халкидики, дестинација за активен одмор

Халкидики, дестинација за активен одмор

Печати
Халкидики, дестинација за активен одморСекоја дестинација за одмор е специфична и нуди најразлични активности за одмор и релаксација. Полуостровот Халкидики е најпогоден за луѓето кои сакаат поактивен одмор, исполнет со многу активности.



Полуостровот Халкидики е исполнет со прекрасни пејзажи, со високи ридови и планини, со густи и раскошни шуми. Се работи за одлично место за сите кои сакаат пешачење, планинарење и прошетки. Постојат обележани патеки за сите, од аматери до професионалци.

По карпите


Ако сакате навистина уникатно искуство, треба да се прошетате по патеката од плажата Сани до селото Сивири. Патеката поминува и низ шумски предели, но најголем дел од неа се простира по крајбрежјето, високо над морето, по карпите. Попатно ќе се сретнете со желки, гуштери, пепрутки и зајци. Некаде на половина пат од патеката се доаѓа до место каде што се вршат археолошки ископувања. За оние кои немаат доволна физичка кондиција, ова место може да биде крај на прошетката, бидејќи глетката е одлична. Ако продолжите до Сивири, треба да изнајдете превоз за назад, освен ако сакате да пешачите и во спротивната насока, со што ќе поминете вкупно 20 километри. Патеката не се препорачува за деца и луѓе кои страдаат од посериозна форма на страв од височини.

Халкидики, дестинација за активен одмор

Со птиците


Една од најлесните патеки за пешачење, но и една од најубавите е патеката низ резерватот за птици Бусулас. Се пешачи главно по рамен терен, недалеку од долгата плажа Бусулас, под пријатните сенки од шумата. Областа помеѓу е прогласена за еден од најважните резервати за птици во Европа и во неа има преку 180 различни видови птици, во зависност од годишното време. Посетителите треба да се држат до обележаните патишта и патеки за да не го нарушат еко-системот и да не оштетат некое гнездо.

Во заборавеното село


Полуостровот Ситонија е многу пострмен одошто Касандра и поради тоа е помалку населен. Но, убавините се просто недогледни. Едно од најинтересните места за истражување е селото Партенонас, недалеку од Неа Мармарас, кое е напуштено, а било заборавено во најголем дел од 20 век. Патеката тргнува од таверната „Дросиа“ на 1,5 километри северно од Неа Мармарас. Оттаму постојат три алтернативни патишта за стигнување до селото. Треба да го одберете оној пат кој е во склад со Вашите способности. Ако тргнете по напорниот пат до старата воденица и малата брана, а потоа и низ маслиновите насади, ќе уживате во живописниот пејзаж. Доколку сакате поопуштена прошетка, препорачливо е да тргнете по нешто подолгиот пат кој води низ шумата. За најхрабрите се препорачува најкусата, но најстрмна патека која го следи течението на планинскиот поток.

Кружна патека


Ако се наоѓате во Никити, Ви ја препорачуваме прошетката до Агиос Николаос и назад. Патеката поминува низ шумите, преминувајќи го ридот зад Никити, до малото градче Агиос Николаос. Започнувате кај училиштето во Никити, па поминувате крај бачила, маслинови насади, пчелници, живописни шуми и две мали црквички. Кај црквичките има место за одмор, каде што можете да го изедете ручекот што треба да си го понесете во ранецот, уживајќи во глетката на долината. Потоа се враќате назад во Никити.

AddThis

naskoro

qbe300

iguana hostel web

Следете нè

facebook twitter youtube_64 feeds_64x64


aviobileti

Време

72°
22°
°F | °C
Partly Cloudy
Humidity: 60%
Sat
Mostly Sunny
45 | 75
7 | 23
Sun
Mostly Sunny
43 | 73
6 | 22
Mon
Chance of Rain
45 | 70
7 | 21
Tue
Mostly Sunny
39 | 70
3 | 21

Конвертор

Сума   во    

partneri_1

 

Има 149 гости присутни