Вие сте тука:   Дома Блог Лето Каде не треба да пливате

Каде не треба да пливате

Печати
Каде не треба да пливате Лето е и жештините Ве тераат да побарате разладување во вода. Без разлика дали ќе отидете на базен, сакате да се искапите на езеро или пак уживате крај морето - секогаш внимавајте на водата во која се готвите да влезете - таа може да крие опасности.


Заматена вода


Едно е водата да биде заматена на езеро или пак море, но сосема друго кога тоа се случува на базен. Базените имаат специјални системи за филтрација и водата во нив постојано мора да биде бистра. Доколку забележите дека во базенот во кој се готвите да пливате видливоста на водата не е најдобра, препорачливо е да го избегнете, бидејќи не можете да бидете сигурни од што е предизвикана заматеноста.

Алги


Езерата најчесто се прекрасни места за освежување и пливање, но понекогаш, поради низа фактори, во нив може да дојде до неконтролирано размножување на популацијата на алгите. Одредени видови алги создаваат цијанобактерии, но некои луѓе може да имаат и алергиска реакција на обични алги. Доколку почувствувате чуден мирис близу до водата или пак имате проблеми со алергиите, не влегувајте да се бањате.

Каде не треба да пливате


Бебиња и премногу гужва


Можеби си мислите - колку повеќе луѓе има во базенот, толку е позабавно. Но, размислете од чисто математичка гледна точка - колку повеќе луѓе ќе влезат во водата, процентуално толку помалку вода има за секого, а толку повеќе бактерии и нечистотија секој од нив споделува со останатите. Дополнително, сите мислат дека бебињата се слатки, но размислете за оние бебиња кои сè уште не научиле да ги контролираат своите физиолошки функции. Доволно е и малку фекална материја во водата и не само што пливањето ќе стане непријатно, туку може да биде и опасно по здравјето.

Морски алги и отпад


На морскиот брег секојдневно се исфрлаат морски алги и мали парчиња отпад и пена. Ако сте на некоја плажа и забележите дека алгите и парчињата отпад бргу се движат во спротивната насока - тоа значи дека во близина има силна подводна струја. Дури и најискусните пливачи можат да се доведат во опасност ако бидат повлечени од таква струја, па затоа, побарајте друга, помирна плажа. 

AddThis

naskoro

qbe300

iguana hostel web

Следете нè

facebook twitter youtube_64 feeds_64x64


aviobileti

Време

72°
22°
°F | °C
Partly Cloudy
Humidity: 60%
Sat
Mostly Sunny
45 | 75
7 | 23
Sun
Mostly Sunny
43 | 73
6 | 22
Mon
Chance of Rain
45 | 70
7 | 21
Tue
Mostly Sunny
39 | 70
3 | 21

Конвертор

Сума   во    

partneri_1

 

Има 150 гости присутни