Вие сте тука:   Дома Блог Лето Нешта на кои треба да внимавате на Халкидики

Нешта на кои треба да внимавате на Халкидики

Печати
Нешта на кои треба да внимавате на ХалкидикиПолуостровот Халкидики е едно од најубавите места во Грција, со прекрасни плажи, културни знаменитости и пејзажи од кои застанува здивот. Но, дури и во таквите места постојат нешта на кои треба да внимавате.


Туристите плаќаат повеќе


Ова до сега веќе е пракса во поголем број држави во светот (особено е изразено и кај нас), но на Халкидики мора да бидете особено внимателни со цените. Неретко ќе пронајдете некој што се жали дека на плажа му било продадено мало кафе во пластична чаша за речиси 5 евра - само затоа што го побарал на англиски јазик (или друг странски јазик). За да не се изненадите од крајната сметка, особено ако сте љубители на полните плажи, побарајте истакнато мени со цени, а доколку нема - прашајте. Ова особено важи за големите плажи на источниот брег на Касандра - Полихроно, Ханиоти, Пефкохори.

Нешта на кои треба да внимавате на Халкидики

Не викајте такси од одморалиштата и хотелите


Цената што ќе ја платите за да отидете од некое од познатите одморалишта или хотели до најблиското градче, може да достигне и до 20 евра, особено кога таксито Ви го повикува рецепционер. За споредба, истата дестинација со автобус (јавниот превоз на Халкидики е одлично развиен и функционира беспрекорно) ќе Ве чини помеѓу 40 и 70 евро центи. Информацијата за возниот ред можете да ја најдете во трафиките, каде што се продаваат билетите, како и на секоја рецепција или кај некој од локалните жители. Ако не сакате да зависите од возниот ред за враќање, отидете со автобус, а од градот вратете се со такси - цената оттаму е многу пониска.

Туристичките информации се на грчки


Доколку Ве интересира нешто повеќе за туристичките локации, особено оние од поголемо значење за културата, истражете ги на интернет пред да ги посетите (освен ако не зборувате грчки). Колку и да звучи парадоксално, речиси без исклучок, информациите на локалитетите се напишани единствено на грчки јазик.

AddThis

naskoro

qbe300

iguana hostel web

Следете нè

facebook twitter youtube_64 feeds_64x64


aviobileti

Време

72°
22°
°F | °C
Partly Cloudy
Humidity: 60%
Sat
Mostly Sunny
45 | 75
7 | 23
Sun
Mostly Sunny
43 | 73
6 | 22
Mon
Chance of Rain
45 | 70
7 | 21
Tue
Mostly Sunny
39 | 70
3 | 21

Конвертор

Сума   во    

partneri_1

 

Има 147 гости присутни