Вие сте тука:   Дома Блог Лето Најдобрите плажи на Халкидики

Најдобрите плажи на Халкидики

Печати
Најдобрите плажи на ХалкидикиХалкидики е едно од најпопуларните туристички места во Грција. Секако, постои причина зошто е тоа така. Овој полуостров изобилува со прекрасни места, културни знаменитости, но и плажи од кои застанува здивот.


Неа Потидеа


Оваа плажа е дел од голем туристички комплекс, на самиот влез на полуостровот Касандра (популарно познат како „првиот крак“ од Халкидики). Се наоѓа на само 30 километри од Полигирос (гравниот град на префектурата) и 60 километри од Солун. Брегот е прекриен со широк појас бела песок, а плажата е одлично организирана - со лежалки, чадори, услуга за сечиј вкус. Водата со прекрасна сина боја е одлична за оние што повеќе време минуваат во морето. Плажата се наоѓа многу блиску до сите сместувачки капацитети.

Најдобрите плажи на Халкидики


Сарти


Плажата Сарти се наоѓа на источната страна на полуостровот Ситонија („средниот крак“ на Халкидики). Причината поради која е една од најатрактивните дестинации за туристи во цела Грција се малите заливи со бели песоци во кои водата, речиси без исклучок е мирна, што го прави уживањето неспоредливо. Раздвижената плажа е одлично организирана и не само во текот на денот, туку и навечер, кога благодарение на бројните туристички објекти и блиското село со истото име, можете да бирате со каква активност од ноќниот живот ќе се релаксирате.

Аретес


Оваа плажа е помала и потесна, што ја прави совршена за луѓето што не сакаат гужви и претпочитаат да бидат на поизолирани места. Се наоѓа на половина пат помеѓу Неа Мармарас и Торони, на јужниот дел од полуостровот Ситонија.

Никити


Плажите околу селото Никити, на самиот влез на полуостровот Ситонија, се нешто помеѓу големите и преполни плажи и малите, изолирани плажи. Ова место е совршено за семејни одмори, поради близината на сите потребни нешта - плажа, угостителски објекти, градчето Никити како совршено место за прошетки, но и раскошната природа.

AddThis

naskoro

qbe300

iguana hostel web

Следете нè

facebook twitter youtube_64 feeds_64x64


aviobileti

Време

72°
22°
°F | °C
Partly Cloudy
Humidity: 60%
Sat
Mostly Sunny
45 | 75
7 | 23
Sun
Mostly Sunny
43 | 73
6 | 22
Mon
Chance of Rain
45 | 70
7 | 21
Tue
Mostly Sunny
39 | 70
3 | 21

Конвертор

Сума   во    

partneri_1

 

Има 147 гости присутни