Вие сте тука:   Дома Блог Лето Интересни факти за Грција

Интересни факти за Грција

Печати
Интересни факти за ГрцијаЛетото е совршено време да ја посетите Грција, не само заради одличната клима, прекрасните пејзажи и топлите морски води, туку и заради многу други нешта кои веројатно до сега не сте ги знаеле.



1. Годишно во Грција доаѓаат преку 16 милиони туристи


За споредба, вкупното население на земјата е нешто преку 11 милиони луѓе. Поради тоа, Грција е земјата со најголем број аеродроми во светот.

2. Во Грција нема ниту една пловна река


Релјефот во земјата е главно ридско-планински, па следствено на тоа реките се помали, побрзи и непогодни за пловидба.

3. Во Грција има преку 2 илјади острови


Од вкупниот број острови, населени се само 170. Најголем остров е Крит, а многумина за најубав го сметаат јонскиот остров, Закинтос.

4. Грција годишно добива преку 250 сончеви денови


Поточно кажано, се работи за повеќе од 3 илјади сончеви часови, што ја прави идеална за летните одмори.

5. Грците никогаш не мафтаат со отворена дланка


Всушност, во Грција се смета за навреда ако некому намерно му ја покажете дланката со испружени прсти. Затоа, Грците се поздравуваат со затворена дланка.

Интересни факти за Грција

6. Откако некому ќе му дадат комплимент, Грците прават звук сличен на плукање


Ако добиете комплимент од Грк и тој направи звук низ стегнати усни, сличен на плукање, не се навредувајте. Тоа е само обид да Ве одбрани од „уроци“.

7. Ниту една точка во Грција не е подалеку од 137 километри од море


Грција има крајбрежје долго 12.875 километри, десетто најдолго во светот.

8. Драхмата беше најстарата валута во Европа


Со традиција од 2650 години, Драхмата беше најстарата валута во Европа, сè до 2002 година, кога беше официјално исфрлена од употреба и заменета со Еврото.

9. Највисоката точка во Грција е домот на боговите


Врвот Митакас на планината Олимп, познат и како „тронот на боговите“, со височина од 2917 метри над морето е највисоката точка во Грција. Најниската е на морското ниво.

10. Во Грција има повеќе археолошки музеи отколку каде било во светот


Ова, секако се должи на бурната историја и богатата традиција.

AddThis

naskoro

qbe300

iguana hostel web

Следете нè

facebook twitter youtube_64 feeds_64x64


aviobileti

Време

72°
22°
°F | °C
Partly Cloudy
Humidity: 60%
Sat
Mostly Sunny
45 | 75
7 | 23
Sun
Mostly Sunny
43 | 73
6 | 22
Mon
Chance of Rain
45 | 70
7 | 21
Tue
Mostly Sunny
39 | 70
3 | 21

Конвертор

Сума   во    

partneri_1

 

Има 144 гости присутни