Вие сте тука:   Дома Блог Лето Совети за безбедно патување во странство

Совети за безбедно патување во странство

Печати
Совети за безбедно патување во странствоВеројатно веќе сте го испланирале и најситниот детаљ од Вашиот летен одмор, но како што знаете, никогаш не можете да бидете премногу внимателни. Секако, голема е веројатноста сè да помине во најдобар ред, но за секој случај, имајте ги предвид овие совети за безбедно патување во странство.

1. Споделете ги информациите


Пред да тргнете, споделете ги информациите за Вашите планови и бројот на пасошот со членови на семејството или пријатели (кои не доаѓаат со Вас), за итни случаи. Исто така, во секој миг кај себе чувајте го бројот за контакт на лицето што сте го одредиле за итни случаи.

2. Заштитете ги вредните предмети, парите и документите


Никогаш не ги чувајте сите документи, парите и вредните предмети во еден ранец, торба, паричник итн. Доколку сте во можност, пасошот оставете го во собата во којашто сте сместени, т.е. не го носете со себе кога не морате. Не се расфрлајте со пари и секогаш имајте при рака ситни банкноти и монети за плаќање. За оптимална заштита од џепчии во поголемите градови треба да имате помала торба, со прерамка, што можете да ја носите блиску до телото, со добар механизам за затварање, по можност патент.

Совети за безбедно патување во странство


3. Не го носете лаптопот со Вас


Освен ако Ви е потребен за неодложна работа, постојаното внимавање на лаптопот ќе Ви создаде многу главоболки. Доколку се случи да го испуштите од вид, само за миг и тој да биде украден, веројатноста да биде пронајден од полицијата е речиси еднаква на нула. Од друга страна, насекаде постојат интернет кафулиња што нудат добра конекција за да го проверите она што Ви е потребно.

4. Совети за интеракција со локалното население:


- Не одете по куси патчиња, тесни и темни улички;
- Обидете се да не се шетате ноќе сами;
- Не започнувајте прегласни разговори или расправии;
- Не дискутирајте за плановите за патување или други лични планови пред непознати луѓе;
- Избегнете ги локалните измамници - секогаш имајте предвид дека некој ќе Ви пријде и ќе Ви понуди некоја услуга за цена неколкупати пониска од стандардната;
- Обидете се да оддадете впечаток дека Вашата прошетка има цел - дури и да се изгубите, не паничете и преправајте се дека знаете каде одите; и
- Научете барем неколку реченици на локалниот јазик, во случај да треба да побарате помош.

AddThis

naskoro

qbe300

iguana hostel web

Следете нè

facebook twitter youtube_64 feeds_64x64


aviobileti

Време

73°
23°
°F | °C
Partly Cloudy
Humidity: 53%
Sat
Mostly Sunny
45 | 75
7 | 23
Sun
Mostly Sunny
43 | 73
6 | 22
Mon
Chance of Rain
45 | 70
7 | 21
Tue
Mostly Sunny
39 | 70
3 | 21

Конвертор

Сума   во    

partneri_1

 

Има 143 гости присутни