Вие сте тука:   Дома Блог Лето Забавни активности на Скиатос

Забавни активности на Скиатос

Печати
Забавни активности на СкиатосОстровот Скиатос е релативно мал остров, но неговата извонредна местоположба и природните убавини го прават место погодно за цела низа забавни активности, буквално за сечиј вкус.



Прошетки


Како и секој морски рај, така и Скиатос е идеален за оние што сакаат да се прошетаат, особено приквечер, покрај морскиот брег или пак високо во ридовите, од каде што се гледаат морските пространства. Постојат повеќе патеки за пешачење, но голем дел од нив се претворени во земјени патеки. Островот е мал, но не премногу мал, па затоа само поамбициозните би требало да тргнуваат на подолги прошетки.

Забавни активности на Скиатос

Кампирање


Постојат два официјални кампови на островот. Едниот се наоѓа близу плажата Ксанемо, недалеку од крајот на аеродромот. Другиот е кампот Кукунарис, на спротивната страна од островот. Поискусните кампери и оние што се поавантуристички настроени можат да кампираат и на необележани места на островот. 

Едрење


Водите околу островот Скиатос и соседните острови Скопелос и Алонисос се вистински рај за оние што сакаат да едрат, но и за оние што сакаат да уживаат во убавините на природата. На островот можете да изнајмите едрилица до или над 10 метри, да заминете сами на едрење или со придружба, а искуството во секој случај ќе биде незаборавно.

AddThis

naskoro

qbe300

iguana hostel web

Следете нè

facebook twitter youtube_64 feeds_64x64


aviobileti

Време

73°
23°
°F | °C
Partly Cloudy
Humidity: 53%
Sat
Mostly Sunny
45 | 75
7 | 23
Sun
Mostly Sunny
43 | 73
6 | 22
Mon
Chance of Rain
45 | 70
7 | 21
Tue
Mostly Sunny
39 | 70
3 | 21

Конвертор

Сума   во    

partneri_1

 

Има 143 гости присутни