Вие сте тука:   Дома Блог Лето Нешта на кои треба да внимавате на Скиатос

Нешта на кои треба да внимавате на Скиатос

Печати
Нешта на кои треба да внимавате на СкиатосОстровот Скиатос уште го нарекуваат и „Егејски рај“. Меѓутоа, во секој рај постојат некои детали на кои треба да внимавате за да не дозволите апсолутно ништо да Ви го расипе совршениот летен одмор.



Силно сонце


Обично кога се оди на одмор на море, сите со себе носат масло или млеко за сончање, со соодветен заштитен фактор. Но, кога станува збор за Скиатос, особено е важно да не заборавите на овој детаљ, бидејќи на островот дува топло ветре што создава пријатна атмосфера, па многу лесно можете да заборавите на сончевите зраци и бргу да изгорите. Исто така, препорачливо е во периодот помеѓу 14 и 16 часот, доколку сте на отворено, да си најдете убава сенка или во најмала рака добро да се намачкате со заштитниот производ.

Нешта на кои треба да внимавате на Скиатос


Вода за пиење


На места на кои станува претерано жешко, а особено кога сте крај море, неопходно е постојано да внесувате течности за да избегнете дехидрација и вртоглавици. На Скиатос препорачливо е да си купувате флаширана вода. Од вечер, ставете си шишенце во фрижидер, за наутро, кога ќе излезете, да биде студено и да остане студено што е можно подолго.

Комарци


Нормално е на сите места што се наоѓаат покрај вода да има зголемена фреквенција на комарци, особено во часовите на самракот и во почетокот на вечерта. Ако во тој период се наоѓате покрај морето, а особено ако сте блиску до Кукунарис, тогаш не заборавајте да понесете средство за заштита од комарци. Убаво намачкајте ги сите делови од кожата што не Ви се покриени со облека, за да не ја минете ноќта во чешање.

AddThis

naskoro

qbe300

iguana hostel web

Следете нè

facebook twitter youtube_64 feeds_64x64


aviobileti

Време

73°
23°
°F | °C
Partly Cloudy
Humidity: 53%
Sat
Mostly Sunny
45 | 75
7 | 23
Sun
Mostly Sunny
43 | 73
6 | 22
Mon
Chance of Rain
45 | 70
7 | 21
Tue
Mostly Sunny
39 | 70
3 | 21

Конвертор

Сума   во    

partneri_1

 

Има 144 гости присутни