Вие сте тука:   Дома Блог Лето Традиции и обичаи на Скиатос

Традиции и обичаи на Скиатос

Печати
Традиции и обичаи на Скиатос Крајбрежјето на Егејското Море и островите близу до него се подрачје на коешто се измешале многу култури и се смениле многу обичаи. Турбулентната историја на Скиатос, на крајот придонела островот да се здобие со богат духовен живот и посветена христијанска традиција.

Успение на Богородица


На овој голем христијански празник, се организира масовна прослава на островот, на 14 и 15 август. На првиот ден се организираат настани со музика, храна и пијалаци, додека на вториот ден се одвива ритуалната погребна процесија на Богородица, во манастирот Евангелистриа. Доколку во овој период се најдете на островот, не двоумете се и задолжително присуствувајте на прославата, за да доживеете едно автентично искуство.

Традиции и обичаи на Скиатос


Културни настани на Бурци


Бурци е полуостровот што се наоѓа на извонредно погодна локација за културни случувања - помеѓу старото и новото пристаниште на Скиатос. Во текот на целото лето, во отворениот театар, во традиционалното грчко кафуле и по улици се одржуваат најразлични претстави, перформанси, изложби, кино проекции на отворено, итн. За секој вљубеник во културата, Бурци е место што едноставно не смее да биде одминато.

Фестивалот Кацониа


Овој фестивал се одржува секоја година на 6 септември. Празнувањето се одржува во чест на грчката подморница „Ламброс Кацонис“, што на овој датум во 1943 година била потопена недалеку од Кастро, Скиатос. Во нападот од Нацистите, загинале 32 членови на екипажот, 15 биле заробени, а неколкумина успеале да избегаат и пливајќи непрекинато 9 часа успеале да се скријат на островот, пред да се префрлат во Египет, кадешто одново се соединиле со грчката флота. Во свеченостите учествуваат официјални претставници и голем број граѓани, а се преигрува и морнаричката битка, во чест на храбрите војници што се бореле за слободата на целиот свет.

AddThis

naskoro

qbe300

iguana hostel web

Следете нè

facebook twitter youtube_64 feeds_64x64


aviobileti

Време

73°
23°
°F | °C
Partly Cloudy
Humidity: 53%
Sat
Mostly Sunny
45 | 75
7 | 23
Sun
Mostly Sunny
43 | 73
6 | 22
Mon
Chance of Rain
45 | 70
7 | 21
Tue
Mostly Sunny
39 | 70
3 | 21

Конвертор

Сума   во    

partneri_1

 

Има 145 гости присутни