Вие сте тука:   Дома Блог Лето Скиатос, дестинација за авантуристи

Скиатос, дестинација за авантуристи

Печати
Скиатос, дестинација за авантуристиНа спротивната страна од градот Скиатос, на истоимениот остров, се наоѓа древната населба Кастро, којашто денес е во рушевини и е совршена дестинација за авантуристите.




Населбата Кастро е средновековно утврдување кое било главно упориште на островот помеѓу 12 век и 1830 година. На страната од морето, населбата лежи на големи и стрмни карпи коишто оневозможуваат напад по вода, а дел од копнените ѕидини се останати и до ден денешен, заедно со некои од поголемите артефакти од славното минато на населбата.

Скиатос, дестинација за авантуристи


Во најдобрите времиња, населбата била сочинета од 300 куќи и 22 цркви. Во денешно време многу малку од нив сè уште стојат, но затоа има неколку приватни куќи кои се во целост реставрирани. Кога ќе пристигнете на ова место со магичен поглед, разгледајте ги сите рушевини, но не заборавајте да ја посетите и малата црквичка во средината на населбата.

Со оглед на тоа што се работи за релативно мал остров, можете да пешачите од градот Скиатос до Кастро, по добро обележаната патека. На моменти патеката е малку стрмна, па со умерено темпо ќе Ви бидат потребни околу три часа во еден правец. Доколку не сте љубител на пешачењето, можете да тргнете со изнајмен автомобил или со организирана туристичка тура со џип од градот Скиатос, но и со овие опции, повторно ќе мора да ги пропешачите последните 15 проценти од патот, за да стигнете до дестинацијата. Но, кога ќе стигнете, ќе сфатите дека вредело.

AddThis

naskoro

qbe300

iguana hostel web

Следете нè

facebook twitter youtube_64 feeds_64x64


aviobileti

Време

73°
23°
°F | °C
Partly Cloudy
Humidity: 53%
Sat
Mostly Sunny
45 | 75
7 | 23
Sun
Mostly Sunny
43 | 73
6 | 22
Mon
Chance of Rain
45 | 70
7 | 21
Tue
Mostly Sunny
39 | 70
3 | 21

Конвертор

Сума   во    

partneri_1

 

Има 144 гости присутни