Вие сте тука:   Дома Блог Лето Спортови на вода во Грција

Спортови на вода во Грција

Печати
ГрцијаДоколку вашата идеја за одмор не е само лежење на плажа, под топлото сонце и сакате да искусите повеќе забавни активности, тогаш посетата на Грција можете да ја искористите за да се обидете со некој од водените спортови кои таму се нудат.

Доколку вашата идеја за одмор не е само лежење на плажа, под топлото сонце и сакате да искусите повеќе забавни активности, тогаш посетата на Грција можете да ја искористите за да се обидете со некој од водените спортови кои таму се нудат.

imagesМестоположбата на Грција, помеѓу Ејеското, Јонското и Средоземното Море, ја прави оваа земја вистински рај за практикување на голем број спортови на вода, од најскапиот - едрење, па сѐ до оние што се повеќе наменети за релаксација, отколку за натпреварување, како: сурфање на ветар, сурфање со змеј, скијање на вода (со и без скии), возење скутери, веслање со кану, спортско рибарење и многу други.


Едрење


Иако се вели дека Егејското море е најдобро за едрење поради силните ветрови, топлите југо-западни ветрови во Јонското Море го прават едрењето далеку попријатно искуство. Најдобро место каде што можете да изнајмите јахта за вашата пловидба е Vrakotas Yachting Bareboat Charters на Крф. Во нивната понуда е вклучено: изнајмување само на бродот, изнајмување брод со посада, пловење во флотили и многу други искуства.

Сурфање

Сурфање

Доколку сакате да се обидете со сурфање на ветар, најдобрата опција ви е Merman Windsurf, школата што се наоѓа на островот Крф, на крајот од долгата песочна плажа Исос. Таму ќе бидете поучени од квалификуван инструктор, кој по само неколку часови ќе ви овозможи сами да почнете да сурфате. Сурфањето се одвива во водите во кои нема капачи и над кои секојдневно дуваат ветришта од повеќе насоки. Нормално, безбедноста е приоритет за вработените, па затоа секогаш близу до вас ќе се наоѓа брод за спасување со сите потребни парчиња опрема за спасување, доколку се јави потреба за такво нешто. Школата исто така нуди и обука за сурфање со змеј.

W_WSki_2

Останати спортови на вода


За сите останати спортови на вода, постојат клубови што нудат повеќе активности, на речиси сите поголеми острови. Најпознатите се:

- 2001 Water Sports се наоѓа на одморалиштето на плажата Дасија, на 13 километри северно од градот Крф, на истоимениот остров. Пристапот дотаму е прилично лесен, а на плажата има и голем број ресторани и кафулиња во кои ќе можете да се одморите помеѓу активностите. Во овој клуб ќе можете да си одберете помеѓу: возење скутер на вода, скијање на вода, спортско рибарење итн.

- Vassilikos Watersports во Василикос, на Закинтос. Таму, постојат недогледни, раскошни плажи зад кои се издигаат високи планини, а плитките тиркизно сини води го прават местото совршено за бројни спортови на вода. Исклучок се неколкуте места кои се забранети, затоа што таму живее загрозениот вид морски желки. Водениот парк нуди тушеви, лежалки, како и најновата опрема за спортовите на вода, вклучително и сите видови скијање на вода, како и возење скутери.

- No Fear на Закинтос. Овој воден парк започнал како мал, семеен бизнис во 1985, на плажата Лаганас, на Закинтос, но подоцна бил преселен на Банана Бич. Плажата е една од најубавите на островот, а клубот нуди изнајмување опрема за највозбудливите спортови: возење скутер, веслање со кану, параглајдеризам, скијање на вода итн.

- Sea Kayaking во Аргостоли, Кефалонија. Клубот е основан во 1957 и нуди тренинзи од аматерско до професионално ниво: пливање, веслање, кајак, Ватерполо, едрење, кану итн. Центарот организира курсеви за промоција на спортовите на вода кај младите луѓе, а располага со најмодерна опрема, сопствено пристаниште и лансирни рампи, како и бројни бродови за спасување, за да не мора да се грижите за безбедноста. Една од најатрактивните понуди е пловењето по морската патека, по која се претпоставува дека Одисеј се враќал кон Итака.

Пријатен одмор и добра забава.

AddThis

popusti_1

Следете нè


rezervacija_aviobileti

Време

21°
-6°
°F | °C
Light snow
Humidity: 74%
Wed
Partly Sunny
9 | 25
-12 | -3
Thu
Partly Sunny
14 | 25
-10 | -3
Fri
Chance of Snow
23 | 27
-5 | -2
Sat
Chance of Snow
27 | 36
-2 | 2

Конвертор

Сума   во    

gv online 300x100

 

Партнери

 

Има 19 гости присутни