Вие сте тука:   Дома Блог Лето Туристички водич: Крф

Туристички водич: Крф

Печати PDF

Крф, исто така познат под името Керкира, е најсеверниот од Јонските Острови во Грција. Лоциран на најсеверниот брег на земјата, Крф лежи во Јадранското Море, источно од Италија и југозападно од Албанија.

Историски Крф бил контролиран од многу туѓи сили, најдолго од Венцијанците и Британците. Климата во архипелагот Крф е топло медитеранска. Летото е топло и релативно суво со сино небо, често пропратено со разладувачки сезонски ветрови, кои создаваат идеални услови за сурфање, додека ретко се случува да заврне дожд. Планинските делови се постудени. Зимата е блага. Дождови има најмногу од ноември до март. Во просек, на Крф има 3.000 часови сонце во текот на годината со просечено траење на сончевата светлина од 8.5 часа.

КрфРегиони и градови


Градот Крф, кој се нарекува и Керкира, е најголем и најзначаен град на островот. Овде е лоциран аеродромот и тука се закотвуваат најголемиот број од бродовите за крстарење и траектите. Крф е мало пријатно гратче гостољубиво кон туристите.

Северниот дел од островот е поголем и претежно планински. Крајбрежните делови се добро развиени, со убави плажи со камчиња.

Јужниот дел од островот е помал (само неколку километри од запад кон исток) и со повеќе песочни плажи.

Беницес е многу старо, традиционално рибарско  село. Лежи на 12 километри јужно од градот Крф. Водата од изворите кои течат од планините Агхи Дека и Ставрос, се спојуваат во две мали реки, од каде дошло и името на регионот Pinisse (кое се добило од старогрчкиот збор „Pinio“; Pinitse = Benitses). Благата клима и природната убавина на селото Беницес привлекува многу туристи уште од почетокот на минатиот век. Само во последните 30 години туризмот ги замени сите други извори на заработка и сега е единствена окупација на жителите на островот во текот на летниот период.

Ахил на Крф


Општо


Погодната инфраструктурура и големиот број можности за различни активности се идеални за групни одмори на Крф и островите во негова близина. Секоја година тука се случуваат разни конгреси, учлилишни екскурзии, се собираат љубителите на стари автомобили, на Ферари и Харли Дејвидсон. Природата на Крф, морето и историјата нудат по нешто за секого и сечиј вкус, без разлика во кој период или колку долго се престојува. Во место каде традицијата во туризмот е стара најмалку 130 години и кое со децении е одморалиште на интернационалниот џет сет, можностите за спортување и забава се импресивни. Крф е исто така добра дестинација за семејни одмори. Можеби таму нема Дизниленд, зоолошка градина или други места за забава на децата, но целиот остров е идеален за нив. Тоа е едно од ретките места на светот каде децата ќе го најдат она што навистина им е потребно: топло добредојде. Во Крф нема тропски болести, криминал, насилство, опасно море и други видови опасности. Децата овде играат безбедно на улиците, во парковите, на игралиштата, на плажите. Начинот на живот на жителите на Крф е како да се живее во едно големо семејство. Проверете го тоа и ќе се уверите дека Крф е идеално место за деца.

Крф


Клима


Пролетта овде е импресивна и им ја нуди на посетителите привилегијата да уживаат во богатата вегетација и мноштвото бои, комбинирано со туризмот за оние со префинет вкус.

Велигденските празнувања овде се незаборавно искуство.

Летото е најпопуларната сезона на Крф, со прекрасни плажи и кристална вода за поминување безгрижни часови на плажа.

Есента е период кога целиот остров мириса на грозје, ова е можеби најдобриот период за да се запознае секојдневниот живот на островот.

Божиќ и Нова година на Крф се во знакот на музиката, химните, во тивко, убаво декорирано место со блага клима и благородни финеси.

Крф

Превоз


Со автобус

Главаната автобуска станица се наоѓа во градот Крф на плоштадот Сан Роко. Корисни линии се 7-та која оди од и до Дазија на секои 20 минути (на секои 30 минути во недела), 10-та која оди до Ахилион на секои два часа, 6-та од Бенице (на секои неколку часа) и 11-та од и до Пелекас на секои 2-3 часа. Дополнително, тука е и Зелената автобуска станица од каде пристигнуваат автобусите од сите села на островот Крф. Тука има редовни линии за Пелеокастрица, Сидари, Кавос, Рода, Ахарави, Касиопи и други.

Со такси

Постојат голем број такси линии во самиот град Крф.
-помеѓу Спаниада и теренот за крикет.
-во срцето на градскиот шопинг центар на Метоиоу улицата.
-на старото пристаниште.
-на новото пристаниште.
-многу други во Дазиа, Бенисес, Ипсос, на аеродромот итн.

Исто така има и радио такси кое може да се добие на телефонскиотброј +30 26610 33811.

Со автомобил

Можете да изнајмите автомобил на аеродромот или од некоја од локалните компании. Поевтино е доколку си резервирате или изнајмите автомобил преку Интернет пред да пристигнете. Поголем дел од патиштата се многу тесни така што подобро е да изберете помал автомобил. Додека има добар пат кој води на север-југ покрај источниот брег од Сидари до Лефкими и од градот Крф и низ осторвот Пелеокастрица, поголем дел од патиштата се лоши. Често осигурувањето за изнајмените авотмобили не ја покрива целосно штетета на автомобилот, затоа внимавајте на големите дупки на патиштата. Компаниите за изнајмување автомобили често обезбедуваат и бесплатни мапи, сепак можеби е подобро да си купите една однапред бидејќи тие мапи не се особено добри.

Крф

 

Места кои треба да се посетат


Нимфес

Големо село со многу вода, зеленило и легенди, сместено на височина од 200 метри. Според легендата, во минатото, нимфите имале обичај да се бањаат во водопадите на селото. Прошетката до изворите и водопадите е доволна за да сфатите зошто постојат овие легенди! Тука имате чувство дека навистина можете да видите некоја нимфа како се капе во водата, особено во пролет. Откако ќе се прошетате на овие митски места, добра идеја е да ја посетите Земјоделската заедница каде се преработува овошката кумкват (вид дрво слично на цитрон) и се произведува алкохол и слатки. Таму ќе ви биде понудено да пробате од производите бесплатно и ќе имате шанса да дегустирате различни видови алкохолни пијалаци (и секако, да купите, доколку ви се допаднат). Во близина на селото можете да го посетите Аскитарио, мал, но стар манастир. Според кажувањата, тука во 5 век живеел монахот Артемиос Паисиос од Епир, за кој се вели дека бил чудотворец.

Кинопиастес

Традиционално село во Мези регионот на Крф кое е оддалечено само 10 километри од градот Крф и аеродромот, а кое мора да се посети. Тука има стари градби од 17 и 19 век, црква од мермер, манастир од 17 век и музеј (единствен таков на островот) посветен на маслиновото дрво заедно со најпознатиот ресторан на островот, таверната Trypas, каде престојувале кралеви како грчкиот и англискиот крал, претседатели на држави како тој од Грција и Франција, ѕвезди од европската и американската кинемоатографија и музички ѕвезди, како Џејн Фонда, Ентони Квин и други. Тесните улички ве повикуваат да прошетате по нив, разгледувајќи ги малите полоштади и куќите на кои се зачувани традиционалните бои. Главната црква е посветена на Богородица и се наоѓа на централниот плоштад. Тоа е стара црква со уникатна архитектура и импресивен мермерен влез. Внатре, има фрески од јонската школа на фрескоживопис од 18 век. На излезот на селото се наоѓа манастирот на Агиа Параскева, изграден во 17 век.

Лаконес

Типично крфско село кое се наоѓа на падината на зелено ритче. Би можеле да појдете на прошетка до Бела Виста за да се воодушевувате на погледот врз пристанишетето на Палеокастрица и да се опуштите во некое од пикторесните кафеанчиња. Доколку сакате да пешачите има патека која води до Палеокастрица. Покрај куќите од 18 и 19 век ќе најдете цркви и традиционални кафеанчиња.

Рода

Селско одморалиште на северниот брег на Крф. Рода е старо рибарско село,  кое и покрај тоа што се развило во популарна туристичка дестинација сепак успеало да го одржи својот идентитет. Уникатно во смисла дека старото село сѐ уште постои во срцето на одморалиштето, а локалните жители се мешаат со различните националности кои постојано се враќаат во ова село. Тука постојат различни видови и мноштво места за престој и сместување, барови, ресторанти кои нудат широк спектар на менија, типични грчки и крфски јадења, италијанска, кинеска и други видови национални кујни. Рода е релаксирано одморалиште, но со добар ноќен живот, со добри бендови, пејачи и комедијантски шоуа, како и популарното караоке. Доколку сакате опуштен одмор, тогаш Рода е вистинското место, со тивки катчиња и прекрасни песочни плажи, Рода нуди за секого по нешто.


Ахилеион

Ахилеион (грчки: Αχίλλειον) е дворец изграден во Крф од страна на австриската кралица Елизабета Баварска, исто така позната како Сиси. Сиси била жена опседната со убавината и многу моќна, но трагична фигура после загубата на нејзиниот единствен син, принцот Рудолф во аферата Мејрлинг во 1889. Една година подоцна таа гради летен дворец во регионот Гастури, денес Ахилеион, околу 10 километри јужно од градот Крф. Дворецот бил дизајниран со митскиот херој Ахил како централна фигура.

Ахилеион


Што да правите на Крф?


Акваленд, Агиос Јоанис - мало водено паркче со неколку главни атракции. Најдобро е да патувате по сопствена режија зошто целодневен престој таму со организирано патување може да одземе многу време.

Јадете пити наполнети со различни убави нешта... само одете до најблиската ќебапчилница и земете си пити... убави се!

Акваленд


Плажи


Има добар избор на плажи на Крф. На западниот дел од островот плажите се повеќе песочни, додека на источниот дел водата е помирна.

Сидари - убаво одморалиште на кое најмногу има британски туристи. На едниот крај на плажата е "Kanal de l'Amour", песочни камени карпи со тесни процепи, природни влезови и малечки патеки за истражување.

Дазиа и Ипсос - тесна камена плажа со релативно мирна вода. Одморалиштето се протега покрај патот, па така таму може да се најде добар избор на продавници и таверни.

Касиопи - едно од најрелаксираните одморалишта со најдобра атмосфера, со убаво крајбрежје и плажа која е во најголем дел каменита. Водата е кристално чиста и мирна.
Глифада - долга, пространа песочна плажа со малку немирна вода. Одморалиштето не некои места е излолирано.

Пелекас - уште поизолирано од Глифада. Исто така има убава песочна плажа.

Лефкими - долга, пространа плажа која е мирна заради тоа што се наоѓа на помалку посетениот Југ. Има практична таверна со детско игралиште. Водата е екстремно мирна и многу плитка, дури и на поголема далечина од брегот.

Барабати плажа - кристално чиста вода!

Чаликоунас - многу долго, недопрено парче земја, помеѓу езерото Чаликоунас и Јадранското Море. Приридниот пејзаж овде е навистина уникатен, ова е одлично место за да избегате од светот или само за да уживате во панорамскиот поглед од височина.

Прасоуди плажа - Високи карпи висат над вашите глави, чистата вода и миксот од песок и камчиња. Оддалечена плажа која нема да ве остави незадоволни.

Месонгу плажа - Идеална за деца, со чиста вода со песок и камчиња и мноштво малечки рипки.

Крф


Пешачење


Крф е идеална дестинација за пасионираните љубители на пешачењето. На север се наоѓа највисоката планина Пантократор, додека на другиот крај е езерото Корисион, кое е одделено со тенок слој од песок од морето. Патеката за пешачење на Крф е со вкупна должина од 222 километри и ја покрива целата должина на островот. Патеката е добро обележана.

Крф


Храна


Најдобрата храна на островот е на пристаништето Агни. Таму можете да јадете во текот на денот или ноќта, да отидете пешки или со брод. Некои такси-бродови организираат вечери во околните села. Тоа е многу романтично и посебно искуство, но цените се многу високи.

Captains (Captain George's), Nafiskas 35, Kanoni (спроти Holiday Palace во Крф). раб. време: 12:00-24:00. - традиционална семејно водена таверна. Храната е вкусна и домашно подготвена. Обилното мени вклучува традиционални грчки специјалитети како спанакопита, цацики, но исто така и шпагети и бургери.

Klimataria (спротои сината автобуска станица во Беницес), тел. 00302661071201, раб. време: 19:00-23:00. - доколку не сте љубител на морска храна овој ресторан е добра алтернатива. Има добар избор на вегетаријанска храна. Ова е семејно воден ресторан и опкружувањето, многу стара зграда, веројатно е една од најфотографираните згради во Беницес. Јадете порано за да најдете слободна маса бидејќи локалните жители ретко јадат пред 22.00 часот.

HARMA Cafe Snack Bar, Eleftheriou Benizelou 46, тел.2661046975. - кафе покрај пристанишето каде се служат сендвичи, десерти, сладолед и пијалаци. Сопствениците се Американци. Има бесплатана Wi-Fi мрежа.

Maska Taverna, 41, Nafsikas St, Kanoni, тел. +302661081336, Традиционална и семејно водена таверна лоцирана во Канони , нејзините сопственици имаат долга семејна историја во водењето ресторани бидејќи прадедото на денешните сопственици Таназис и Мариана Василас бил сопственик на „Paniperi“, првата таверна во Крф, која датира наназад во 1895 година.

Крф

Што да купите?


Како и насекаде во Грција, малсиновото дрво, карамиката и производите од кожа се најчести. Како дополнување на многуте туристички продавници во местата како што е градот Крф, можете да најдете мали продавнички покрај некои од главните патишта, често заедно со работилници/ воркшопови. Во некои поизолирани места можат да се најдат локални жители кои продаваат локално произведено вино, мед и малсиново масло на малечки улични тезги.

Пијалаци


Пиво од ѓумбир. Крф беше под британски протекторат и пивото од ѓубир е еден од пијалаците кои локалните жители ги прифатија со ентузијазам. Грчката верзија е едноставно одлична. Побарајте ја во Листон или подобро во рестораните или кафанчињата. Локално се нарекува „Tsitsibeera“.

Кус видео водич



Клима
Пролетта овде е импресивна и им ја нуди на посетителите привилегијата да уживаат во богатата вегетација и мноштвото бои, комбинирано со туризмот за оние со префинет вкус.

Велигденските празнувања овде се незаборавно искуство.

Летото е најпопуларната сезона на Крф, со прекрасни плажи и кристална вода за поминување безгрижни часови на плажа.

Есента е период кога целиот остров мириса на грозје, ова е можеби најдобриот период за да се запознае секојдневниот живот на островот.

Божиќ и Нова Година на Крф се во знакот на музиката, химните, во тивко, убаво декорирано место со блага клима и благородни финеси.

AddThis

Популарно на блог


zak_intro.gif
Закинтос (грчки: Ζάκυνθος), исто така наречен Занте (неговото италијанско име), е третиот најголем остров во Јонското Море, лоциран на западното крајбрежје на
_grcki_ostrovi.gif
Грција, колевката на светската култура, на туристите од цел свет им нуди острови од чија убавина биле инспирирани многу митови и легенди. Тука пловел Одисеј на
krf_intro.gif
Крф, исто така познат под името Керкира, е најсеверниот од Јонските Острови во Грција. Лоциран на најсеверниот брег на земјата, Крф лежи во Јадранското Море,
looking_good_travel.gif
Авионите, возовите, автобусите, временските и температурните разлики не се пријатели на нашата кожа. А тука се и новите услови, нечистотијата... Што треба да
swimsuits2.gif
Бидејќи веќе се ближи сезоната за летен одмор, време е да изберете костим за капење според последните модни трендови. Меѓутоа, при изборот на костим за капење
8_septemvri

Популарно


Сезонски цени вила Gillis - Потидеа Термин (датум на
Полихроно (хотели “Jean Marie” и “Neapolis”)
Вила „Porto Davia“ - Аргаси (апартманско
Ипсос, вила “Ekaterina” (апартманско сместување)
Вила „Zanza“ - Порос Студио 1/2 (двокреветно)

Преведи

Macedonian Albanian Bulgarian Croatian English Greek Serbian Slovenian Turkish

Следете нè

rezervacija_aviobileti

Време

59°
15°
°F | °C
Cloudy
Humidity: 82%
Mon
Clear
48 | 73
8 | 22
Tue
Mostly Sunny
51 | 77
10 | 25
Wed
Mostly Sunny
55 | 80
12 | 26
Thu
Chance of Rain
53 | 82
11 | 27

Конвертор

Сума   во    

Има 49 гости присутни