Вие сте тука:   Дома Блог Лето Пливањето значи здравје

Пливањето значи здравје

Печати PDF

swimming-girlВо текот на целата година пробуваме различни програми за вежбање за да бидеме здрави и убави. Одиме на јога за да се релаксираме, возиме велосипед за подобра кондиција, со скапоцени масажи пробуваме по којзнае кој пат да го остраниме целулитот... за со првите летни денови да сфатиме дека она што сме го пробувале и макотрпно сме го вежбале во текот на целата година можеме да го замениме само со една активност - пливањето.

Ова се некои од придобивките од пливањето:

- Ја подобрува вашата кондиција - пливањето овозможува да ги користите рацете, нозете и белите дробови во исто време. Тоа го зацврстува телото и е одличен кардиоваскуларен тренинг.

- Го јакне срцето - пливањето ги зајакнува мускулите на срцето и го потпомага дотокот на кислород во различни делови од телото. Тоа ја зголемува циркулацијата на крвта што е добро за цеклокупното здравје.

- Го јакне имунитетот - истражувањата покажаа дека кај луѓето со седентарен начин на живот, за разлика од оние кои редовно пливаат, се појавуваат срцеви проблеми, проблеми со зглобовите и со прекумерната тежина. Пливањето помага во зајакнување на мускулите и создавањето отпорност кон овие болести.

- Водата пружa природен отпор, дури за 10-15% повеќе од воздухот, заради што при пливањето вие ги активирате деловите од телото со сила 12 пати поголема одошто е потребна за „активностите на суво“.  

- „Морето ги мие сите човечки болки“ - запишал грчкиот филозоф Платон. Самиот факт што морската сол содржи 80 различни минерали и елементи во траги, сулфати и карбонати, покрај калциумот, калиумот, бромот, натриумот, манганот, јодот, железото и флуорот ни говори многу за сите благодети на пливањето во море. Не смееме да го заборавиме и магнезиумот, важен минерал кога станува збор за убавината и здравјето, а за кој веќе е докажано дека делува во борбата против стресот. Одамна е воочена и големата сличност на морската вода и човечката крвна плазма, што исто така говори во прилог на благотворноста врз човечкиот организам во целина.

- Струењето на водата го масира телото. Доколку пливате секој ден по 15 или 20 минути можете да заборавите на скапите креми против целулитот, бидејќи единствено што ви е потребно во борбата со целулитот е пливањето и морската вода. Морската сол го поттикнува метаболизмот и излачувањето на штетните материи, а минералите од солта се врзуваат за клетките на кожата, па таа станува посјајна и помазна.

- Ве ослободува од стресот - допуштете си себеси моментот на пливање да биде време кое ви е подарено само вам, пливањето ќе делува антистресно, тоа го ослободува умот од стресот и тензијата, полнејќи ве со енергија. Ова помага да бидете во одлична форма, физички и ментално.

Колку калории се трошат во текот на пливањето


Грбниот стил согорува 500 калории за еден час. Совет: Доколку сакате да се ослободите од целулитот на бутовите удирајте со нозете со кружни движења.

Слободен стил - согорува од 500 до 700 калории. Совет: важно е еден дел од телото секогаш да ви биде над вода.

Градно пливање - согорува 750 калории. Совет: движењата на рацете и нозете мора да бидат усогласени, а рамената нека бидат паралелни со водата.

Пеперутка - согорува 800 калории за еден час. Совет: со нозете изведете делфинов удар, додека двете раце истовремено мора да излегуваат од водата над глава.


AddThis

Популарно на блог


zak_intro.gif
Закинтос (грчки: Ζάκυνθος), исто така наречен Занте (неговото италијанско име), е третиот најголем остров во Јонското Море, лоциран на западното крајбрежје на
_grcki_ostrovi.gif
Грција, колевката на светската култура, на туристите од цел свет им нуди острови од чија убавина биле инспирирани многу митови и легенди. Тука пловел Одисеј на
krf_intro.gif
Крф, исто така познат под името Керкира, е најсеверниот од Јонските Острови во Грција. Лоциран на најсеверниот брег на земјата, Крф лежи во Јадранското Море,
looking_good_travel.gif
Авионите, возовите, автобусите, временските и температурните разлики не се пријатели на нашата кожа. А тука се и новите услови, нечистотијата... Што треба да
swimsuits2.gif
Бидејќи веќе се ближи сезоната за летен одмор, време е да изберете костим за капење според последните модни трендови. Меѓутоа, при изборот на костим за капење
8_septemvri

Популарно


Сезонски цени вила Gillis - Потидеа Термин (датум на
Полихроно (хотели “Jean Marie” и “Neapolis”)
Вила „Porto Davia“ - Аргаси (апартманско
Ипсос, вила “Ekaterina” (апартманско сместување)
Вила „Zanza“ - Порос Студио 1/2 (двокреветно)

Преведи

Macedonian Albanian Bulgarian Croatian English Greek Serbian Slovenian Turkish

Следете нè

rezervacija_aviobileti

Време

59°
15°
°F | °C
Cloudy
Humidity: 82%
Mon
Clear
48 | 73
8 | 22
Tue
Mostly Sunny
51 | 77
10 | 25
Wed
Mostly Sunny
55 | 80
12 | 26
Thu
Chance of Rain
53 | 82
11 | 27

Конвертор

Сума   во    

Има 45 гости присутни