Вие сте тука:   Дома Блог Лето Направете најдобар замок од песок

Направете најдобар замок од песок

Печати
sandcastle460Станете херој на плажата и помогнете му на своето дете да направи најдобар замок од песок. Еве неколку трикови на светскиот шампион во таа „категорија“ - Мајк Мејсон.
CYP0501193_PСтанете херој на плажата и помогнете му на своето дете да направи најдобар замок од песок. Еве неколку трикови на светскиот шампион во таа „категорија“ - Мајк Мејсон.

Прво набавете го неопходниот алат: две кофи (на едната ќе мора да и го отстраните дното), една лопатка, една кафена лажица и еден калап (за торта или нешто слично) во облик на квадрат.

Вториот чекор е да се најде вистинско место за замокот.

„Влажноста која е потребна за замокот да остане цврст можете лесно да ја проверите. Доволно е да направите грутка од песок која нема да се распадне ако ја фрлите во воздух и повторно ја фатите“ вели Мејсон за магазинот Men’s Health.

Сместете се малку подалеку од водата и почнете.

Направете вулкан
Обликувајте го влажниот песок така што ќе направите планина висока околу 60 сантиметри, со основа од околу 90 cm2. Издлабете дупка на врвот и турете вода, за песокот да го направите покомпактен. Потоа израмнете го вулканот со помош на лопатката, за да добиете платформа со пречник околу 35 cm.

Изградете кула
Поставете ја кофата без дно покрај планината. Наполнете ја до 7-8cm со песок, додадете малку вода и притиснете со рацете. Кога ќе се стврдне масата отстранете ја кофата. На тој начин направете четири кули од страните и една на платформата.

Можете на страните да додадете песок кој ќе го моделирате со рацете, ако сакате коси зидови.

Додајте украси
За да постигнете автентичен изглед направете коцки со помош на калапот за торта и поставете ги на врвот на секоја од кулите. Потоа послужете се со лажичката да пробиете прозорци на ѕидовите. Комплетирајте го ремек делото така што ќе направите капија со помош на стапчиња од сладолед. На крaјот украсете го замокот со школки, камчиња и морска трева. 

Запомнете: доколку не сте задоволни од резултатот секогаш можете да почнете со ремоделирање.

AddThis

popusti_1

Следете нè


rezervacija_aviobileti

Време

21°
-6°
°F | °C
Overcast
Humidity: 74%
Tue
Cloudy
9 | 27
-12 | -2
Wed
Partly Sunny
9 | 25
-12 | -3
Thu
Partly Sunny
14 | 25
-10 | -3
Fri
Chance of Snow
23 | 27
-5 | -2

Конвертор

Сума   во    

gv online 300x100

 

Партнери

 

Има 20 гости присутни