Вие сте тука:   Дома Блог Лето Како да препознаете давеник?

Како да препознаете давеник?

Печати
davenik_copyВо периодот на одмори, кога најголем дел од нас заминуваат на море, езеро или покрај реки, можно е да се соочите со несреќен случај во кој некој ќе започне да се дави. Давеници воопшто не се однесуваат како што тоа е прикажано во филмовите, затоа, еве неколку совети како да препознаете давеници.
davenikВо периодот на одмори, кога најголем дел од нас заминуваат на море, езеро или покрај реки, можно е да се соочите со несреќен случај во кој некој ќе започне да се дави. Давеници воопшто не се однесуваат како што тоа е прикажано во филмовите, затоа, еве неколку совети како да препознаете давеници.

Давениците не се однесуваат како во филмовите:

1. Освен во многу ретки случаи, давениците физиолошки се оневозможени да побараат помош. Говорот е секундарна функција на респираторниот систем, па кога човекот не е во можност да земе здив, многу малку е веројатно дека ќе може да викне - помош!

2. Давениците не мафтаат со рацете. При давење, инстинктот ве наведува да ги поставите рацете паралелно со водата и со нивна помош да се подигнете за да земете здив. Во таква ситуација, последно нешто што ќе ви дојде на умот е да мафтате во холивудски стил.

3. При давење, функцијата на екстремитетите често не е во ваша контрола. Затоа давениците тешко (или воопшто не) успеваат да повикаат помош со рацете, да посегнат по спасувачот или опремата за спасување.

4. Луѓето што се дават обично не можат да се одржат на површината на водата подолго од 20 секунди до 1 минута доколку некој не се вмеша во нивното спасување.

Знаци според кои можете да препознаете давеник:

- Главата им е ниско до водата, устата на нивото на водата;
- Главата е навалена наназад, устата отворена;
- Погледот им е празен и не можат да го фокусираат;
- Очите им се затворени;
- Косата им е префрлена преку челото и очите;
- Не ги користат нозете;
- Хипервентилираат или се борат за здив;
- Се обидуваат да пливаат во некоја насока, но всушност стојат во место;
- Се обидуваат да се превртат на грбот.

Статијата е преземена од 365.com.mk.



AddThis

popusti_1

Следете нè


rezervacija_aviobileti

Време

21°
-6°
°F | °C
Light snow
Humidity: 74%
Wed
Partly Sunny
9 | 25
-12 | -3
Thu
Partly Sunny
14 | 25
-10 | -3
Fri
Chance of Snow
23 | 27
-5 | -2
Sat
Chance of Snow
27 | 36
-2 | 2

Конвертор

Сума   во    

gv online 300x100

 

Партнери

 

Има 19 гости присутни