Вие сте тука:   Дома Блог Лето Како да се справите со месечен циклус на одмор

Како да се справите со месечен циклус на одмор

Печати
42-20675840Месечниот циклус никогаш не е лесен, а уште повеќе доколку ве затекне додека сте на одмор. Меѓутоа, немојте да дозволите тоа да ви го уништи расположението и совршениот одмор кој сте го планирале долго време. Доколку навреме се подготвите за непредвидливите ситуации можете безгрижно да уживате во летниот одмор и за време на месечниот циклус.
42-18743216Месечниот циклус никогаш не е лесен, а уште повеќе доколку ве затекне додека сте на одмор. Меѓутоа, немојте да дозволите тоа да ви го уништи расположението и совршениот одмор кој сте го планирале долго време. Доколку навреме се подготвите за непредвидливите ситуации можете безгрижно да уживате во летниот одмор и за време на месечниот циклус.

Пред сѐ не треба да се срамите од месечниот циклус зошто тоа е дел од вас, само што овој пат ве затекнал за време на летниот одмор. Не дозволувајте тоа да ви ја расипе забавата. Бидете подготвени, искористете ја секоја прилика за да отидете во тоалет, спијте доволно, јадете свежа и здрава, а избегнувајте многу солена и зачината храна.

Бидете внимателни на високи теператури
Ако сте изложени на сонце цел ден, како што се случува за време на летниот одмор, тогаш треба да пиете многу течности. Вие константно губите течности, па затоа треба да бидете хидратирани за да се чувствувате добро и да не чувствувате уште поголема мачнина од онаа која веќе ја имате.

Не дозволувајте менструацијата да ве ограничува во она што го правите
Да, можете да одите во вода. Не мора да лежите на плажа цела недела, мислејќи дека смеете да ги натопите само нозете во водата. Доколку тоа ви е дозволено (од лекар) користете тампони.

Доколку можете носете два пара долна облека
Ова ќе спречи да оставите дамки онаму каде седите. Добра идеја е и да носите дополнителен пар шорцеви.

Секогаш бидете подготвени
Носете лекарства за болки, грчеви или надуеност на стомакот. Секогаш погрижете се да имате тампони/хигиенски влошки со себе и дополнителен пар шорцеви. Се случуваат незгоди, а вие сигурно не би сакале да се вратите во хотелот само затоа што не сте се подготвиле добро.

Редовно менувајте тампони/хигиенски влошки
Тампоните МОРА да ги менувате редовно не само заради тоа што е хигиенски и со тоа можете да спречите да ви се случат разни незгодни ситуации, туку и затоа што користењето на тампонот подолго време отколку што е препорачливо може да биде опасно по вашето здравје.


AddThis

popusti_1

Следете нè


rezervacija_aviobileti

Време

21°
-6°
°F | °C
Light snow
Humidity: 74%
Wed
Partly Sunny
9 | 25
-12 | -3
Thu
Partly Sunny
14 | 25
-10 | -3
Fri
Chance of Snow
23 | 27
-5 | -2
Sat
Chance of Snow
27 | 36
-2 | 2

Конвертор

Сума   во    

gv online 300x100

 

Партнери

 

Има 20 гости присутни