Вие сте тука:   Дома Блог Лето Белата боја не нè штити најдобро од сонце

Белата боја не нè штити најдобро од сонце

Печати

woman-beachОбично за време на летниот период се препорачува носење на облека од природни ткаенини (лен, памук) со светла боја. Најчесто досега се препорачувала белата боја, бидејќи таа ги одбива УВ зраците од сонцето. Но, сега истражувачите откриле дека црвената и сината боја не штитат најдобро од штетните УВ зраци.

woman-beachОбично за време на летниот период се препорачува носење на облека од природни ткаенини (лен, памук) со светла боја. Најчесто досега се препорачувала белата боја, бидејќи таа ги одбива УВ зраците од сонцето. Но, сега истражувачите откриле дека црвената и сината боја не штитат најдобро од штетните УВ зраци.

Заштитните креми за сончање кои ги нанесувме на кожата во летните месеци не се и единствен начин на кој можеме да ја заштитиме својата кожа од штетното влијание на јаките сончеви зраци. Заштитните креми за лице и тело, сончевите очила, капите и шеширите со широк обод, па дури и облеката која ја носиме може значително да влијае на нашето здравје.

Кога говориме за облеката, битни се и бојата и материјалот. Лесните материјали не ја штитат нашата чувствителна кожа колку што би требало.

Каталонските научници го проучиле влијанието на облеката во заштитата од УВ зраци. Тие избрале три врсти на ткаенина, кои не биле обоени и кои имале три почетни степени на УВ заштита, зависно од начинот на ткаењето. Потоа ткаенините ги обоиле во различни нијанси на сина, црвена, и жолта боја, и измериле колку УВ зраци биле апсорбирани и рефлектирани.


Заклучиле дека црвената и сината боја функционираат подобро отколку жолтата, бидејќи ги блокираат УВ-Б зраците, кои се и најштетни.


Степенот на заштитата се зголемувал како што нијансите биле потемни и поинтензивни. Ако почетниот степен на заштита бил висок кај материјалот со посветла нијанса, потемната нијанса давала уште поголема заштита.

Текстот е преземен од Rak.mk


AddThis

popusti_1

Следете нè


rezervacija_aviobileti

Време

21°
-6°
°F | °C
Light snow
Humidity: 74%
Wed
Partly Sunny
9 | 25
-12 | -3
Thu
Partly Sunny
14 | 25
-10 | -3
Fri
Chance of Snow
23 | 27
-5 | -2
Sat
Chance of Snow
27 | 36
-2 | 2

Конвертор

Сума   во    

gv online 300x100

 

Партнери

 

Има 19 гости присутни