
Избегнете ги изгорениците од сонце со одговарачка SPF и UVA/UVB заштита. А што всушност значат овие акроними?

Избегнете ги изгорениците од сонце со одговарачка SPF и UVA/UVB заштита. А што всушност значат овие акроними?
Што значи тоа дека некоја крема има фамозен SPF 15 или 50? Акронимот SPF доаѓа од синтагмата „sun protection factor“, која ја преведуваме како заштитен фактор или ЗФ. Бидејќи незаштитената кожа во просек поцрвенува за 20-тина минути заради УВ зраците (а ако имате многу светол тен и за 5 минути!), бројот кој оди покрај SPF зборува за тоа колку можеме да го продолжиме останувањето на сонце, а да не поцрвениме. Да речеме, ако нанесеме крема со заштитен фактор 15, можеме да се сончаме 15x20 минути, односно 5 часа.
Но брзината на „горење“ на сонце зависи од фототипот. Ако сте скандинавски светли (имате многу светол тен, сини очи и руса коса), тогаш припаѓате на фототипот 1 и нема да згрешите доколку набавите препарат со највисок заштитен фактор 50+. За разлика од медитеранските црномурести луѓе со темна боја на косата и очите, кои му припаѓаат на фототипот 4 и кои без заштита поцрвенуваат за 20-тина минути, незаштитените припадници на фототипот 1 поцрвенуваат за рекордни 5 минути. На фототипот 2 му припаѓаат личности со светол тен и светла коса кои без заштита поцрвенуваат за 10 минути, а фототипот 3 се личности со средно светол тен и костенлива коса кои поцрвенуваат за 15 минути.
Ако помисливте „Супер, ќе нанесам крема со заштитен фактор 50 и нема за што да се грижам цел ден!“, размислете повторно. Освен ако тоа не е наведено на препаратот со заштитен фактор, се уште сте незаштитени од озлогласените УВ зраци. Која е разликата помеѓу UVA и UVB зрачењето? Акронимот UVB доаѓа од англиското „ultraviolet burning“ или ултравиолетовото зрачење кое предизвикува црвенило на кожата. Така препаратите со заштитен фактор штитат од UVB зрачење, а заштитата од делувањето на UVA зраците се уште не е стандаризирано. Акронимот UVA доаѓа од англиското „ultraviolet ageing“ и значи ултравиолетово стареење. Тоа се зраците одговорни за потемнување на кожата, но и за појавата на брчки, оштетувањето на генетскиот материјал и појавата на малигниот меланом. Ако не се дијагностицира навреме, ракот на кожата или меланомот е еден од најмалигните бидејќи брзо се шири преку лимфата и крвта, а не реагира на хемотерапија.
Дури и ако на вашиот препарат е наведено дека содржи UVA филтри, тоа не значи дека имате „благослов“ за пржење на сонце. Дерматолозите не можат доволно да нагласат колку е важно да бидеме под сенка во периодот од 10 до 16 часот, без оглед на јачината на заштитата која сме ја нанесле.