
Познато е дека топлината на сончевите зраци го подигнува серотонинот, правејќи не среќни и опуштени. Сепак од година на година лекарите и медиумите се повеќе предупредуваат на тоа дека изложувањето на сончевите зраци е опасно. Како безгрижно да уживате на сонце ова лето? Еве неколку совети.

Познато е дека топлината на сончевите зраци го подигнува серотонинот, правејќи не среќни и опуштени. Сепак од година на година лекарите и медиумите се повеќе предупредуваат на тоа дека изложувањето на сончевите зраци е опасно. Како безгрижно да уживате на сонце ова лето? Еве неколку совети.
Очилата нека ви блокираат барем 60% од УВ зрацитеНикако не одете на сонце без очила. Не заборавајте дека кожата околу очите е особено нежна и чувствителна (бидејќи на тој дел е најтенка). Кога не носите очила за сонце, сончевата светлина прави да бидете замижани што пак доведува до создавање брчки околу очите. Сепак, немојте да ги земете првите темни очила кои ќе ви се допаднат. На очила за сонце немојте да штедите. Најдобро е тие да блокираат 60-70% од УВ зраците.
Ако земате лекови бидете внимателниДоколку пиете антидепресиви, контрацепција, антихистаминици или некој друг вид на лекови, бидете внимателни при сончањето. Имено, доколку молекулите на лекот кој го користите се фотосензитивни, реакциите би можеле да бидат опасни по здравјето. Исто така, некои лекови можат да предизвикаат темни дамки, црвенило или осип на телото, па пред повеќечасовното изложување на сонце консултирајте се со доктор.
Чадорот за сонце е мамка за наивниДоколу на плажата сте го отвориле чадорот за сонце и мислите дека не ви е потребно средство за сончање, се лажете. Како и обичната сенка и чадорот донекаде ве штити од сончевите зраци, но не во целост. Водата, камчињата и песокот ги рефлектираат сончевите зраци, па дури и ако цел ден сте лежеле под чадор, сепак можете да изгорите.
Не заборавајте ги усните, дланките и стапалатаДури и ако мислите дека сè сте направиле, сигурно на нешто сте заборавиле. Имено, дури 90% од луѓето забораваат да ги заштитат усните. Во лето потребно е да се набави балзам со заштитен фактор. Усните се многу чувствителни, а освен што можат да изгорат, заради сончевите зраци брзо ќе испукаат. Би било добро за усните да користите производи кои го потикнуваат природното создавање липиди. Кремата со заштитен фактор не заборавајте да ја нанесете на дланките и стапалата и тоа на двете страни.
Шеширот и очилата во пролет не се доволниМногумина мислат дека со очилата за сонце и шеширот ќе ги спречат сите несакани нуспојави од сончевите зраци. Сепак, тоа ни оддалеку не е доволно. Во пролет почнете да користите хидратантни креми со заштитен фактор 15, а пред нанесување на кремата на лицето попрскајте се со термална вода која ќе и помогне на кожата во хидратацијата. Еднаш неделно направете пилинг и ставете маска за лице. Пред излегување од дома лицето и изложените делови од телото (рацете и нозете) намачкајте ги со средство за сончање.
Плажата не е место за шминкаИако ќе видите многу девојки кои на плажа доаѓаат со комплетна шминка, тоа всушност не е препорачливо. Хемикалиите од шминката можат да реагираат со сончевите зраци и да ви остават грди дамки или болест на кожата. Исто така, избегнувајте ги парфемите бидејќи алкохолот од нив исто така може да остави сериозни последици.