Според проценките на експертите 50 до 80% од трајните оштетувања на кожата предизвикани од сонцето настануваат на возраст пред 18 години. Затоа за време на летниот одмор кога децата поминуваат голем дел од времето на отворено, важно е тие да се заштитат од сонцето. Еве неколку чекори кои можете да ги направите за да бидете сигурни дека вашето дете е заштитено од штетното влијание на сончевите зраци.

Нанесување средство за сончање пред да се излезе надворНанесете крема за сончање со минимум 15 заштитен фактор на кожата на вашето дете, 15 до 30 минути пред тоа да излезе надвор. Тоа ќе овозможи средството за сончање навремено да се апсорбира и со тоа да се овозможи неговата максимална заштита.
Продолжете да нанесувате средства за сончањеВообичаена препорака од многу здравствени организации е да се нанесува средство за сончање на секои 2 до 3 часа. Користете водоотпорни средства кога вашето дете си игра во вода.
Избегнете го јакото сонцеСончевите зраци се најштетни помеѓу 11 и 16 часот. Советувајте го вашето дете да биде на затворено или под сенка за време на овој период.
Едуцирајте ги децата за опасноста од добивање изгореници од сонцеВашето дете треба да разбере дека мора да користи средства за сончање за да се заштити себеси од добивање изгореници. Ова е особено важно кога децата летуваат без вас, кога одат во летен камп или на школски излет.
Очила за сонцеЗа најдобро да ги заштитите очите на вашето дете од силната сончева светлина, потребно е тоа да носи поларизирани очила за сонце со УВ заштита.
Облеката како заштитаИсто така, важно е вашето дете да носи заштитна лесна облека која ги покрива сите делови од детската кожа, како и капи со широка сенка. Иако можеби сте со мислење дека памучните водени маици го заштитуваат детето од сонцето, тоа не е така и точно е токму спротивното. Некои бели ткаенини, после навлажнувањето пропуштаат голема количина УВ зраци.