
Бидејќи веќе се ближи сезоната за летен одмор, време е да изберете костим за капење според последните модни трендови. Меѓутоа, при изборот на костим за капење водете сметка тој добро да ви стои. Имајте на ум дека сè што е модерно, не може подеднакво да изгледа добро на секој и не е прилагодено на различните типови на градба на телото.
Бидејќи веќе се ближи сезоната за летен одмор, време е да изберете костим за капење според последните модни трендови. Меѓутоа, при изборот на костим за капење водете сметка тој добро да ви стои. Имајте на ум дека сè што е модерно, не може подеднакво да изгледа добро на секој и не е прилагодено на различните типови на градба на телото.

ЈаболкоАко имате т.н. „јаболко“ облик на телото ве красат широки рамења и потесни колкови.
Со помош на дводелни бикини или монокини, со еднобоен горен дел на костимот и долен дел со различни шари, вашата линија ќе изгледа урамнотежено.
Избегнувајте: Костими за капење со V изрез и мали бикини гаќички.
Голем задникКостимите за капење со сукњичка се повторно во мода, а можете да најдете различни примероци и видови. Сукњичката одлично им стои на жените со поголем задник и им дава урамнотежен изглед. Задникот можете да го прикриете и со боксерици.
Избегнувајте: Многу набори и детали на колковите, како и костими за капење со висок струк, кои го нагласуваат задникот.
Мали градиЗа визуелно да ги зголемите малите гради, носете топ од бикини кој се врзува околу вратот и поврзан е веднаш под линијата на градите. Костимите за капење со појака текстура би можеле да ви помогнат да го одвлечете вниманието од градите.
Избегнувајте: Горен дел од костим за капење кој ви е голем.
Тело во форма на крушаОние со круша облик на телото имаат пошироки колкови и потесни рамена.
Едноделните костими за капење, кои на стомакот има дизајнирана мостра која создава илузија на линија на струкот, може да ви биде од голема помош. Кај дводелните костими би требало долниот дел да ви биде потемен од горниот и со што поедноставен дизајн. Горниот дел нека биде со жица. Со разиграни шари или бои, одвлечете го вниманието на горниот дел на телото.
Избегнувајте: Боксерици.
Големи градиНајдобар избор се бикини кои се врзуваат околу вратот и ги држат цврсто градите. Едноделните костими со појака потпора на градите или спортските модели, исто така добро им стојат на тие со ваков тип на тело.
Избегнувајте: Горен дел од костим за капење без прерамки или мали бикини во облик на триаголник, кој минимално ги покрива градите.
Покрупна градбаДобро деколте на костимот за капење или длабок V изрез може потполно да ви го промени изгледот. Темните и ладни бои, како и V изрезот, ќе и ласкаат на вашата фигура.
Избегнувајтe: Премногу ткаенина. Бидете умерени, но не се прекривајте премногу. Избегнувајте бело, дречливи бои и набрани ткаенини.
Атлетска градба на телотоАко имате иста големина на рамената, половина и колковите тогаш им припаѓате на групата на атлетски градени жени. Едноделните или дводелните костими со детали околу половината ќе ви помогнат да оставите впечаток на заоблено тело. Носете костими за капење со горен дел кој се врзува или долен дел со каивче, кој ќе ви ја дефинира половината.
Избегнувајте: Еднобојни костими за капење без шари и детали и едноделни костими со хоризонтални линии.
Кратки нозе или телоВизуелно можете да ја издолжите фигурата со костим за капење кој има длабок рез на колковите. Така нозете ќе ви изгледаат подолги. Покрај тоа, добро ќе ви стои и едноделен костим за капење со длабоко деколте.
Избегнувајте: Костими за капење во облик на боксерици или бикини со сукњичка, кои го одвлекуваат вниманието на долниот дел од телото.
Песочен часовникЖените со тело „песочен часовник“ имаат рамена и колкови со иста големина и тенка половина. Добро им стојат сите костими за капење во класичен стил.