Вие сте тука:   Дома Блог Лето Како да добиете совршен тен

Како да добиете совршен тен

Печати
1_Beaches_Main_TopПлажите се совршено место за да добиете убава боја на кожата која ќе трае долго. Потребна ви е само лежалка, лосион за сончање и добар план. За да ви помогнеме со ова последново, еве еден водич во десет чекори како за време на летниот одмор да го добиете тенот кој го посакувате.
suntan_280_487980aПлажите се совршено место за да добиете убава боја на кожата која ќе трае долго. Потребна ви е само лежалка, лосион за сончање и добар план. За да ви помогнеме со ова последново, еве еден водич во десет чекори како за време на летниот одмор да го добиете тенот кој го посакувате.

1. Ексфолирајте ја кожата
За почеток, добра идеја е да ја eксфолирате вашата кожата. Кога ја eксфолирате кожата (односно и правите пилинг) внимавајте да не бидете премногу груби, добро би било да ја отстраните мртвата кожа, но немојте при тоа да ја оштетите здравата кожата под тој слој.

2. Користете лосион за сончање
Иако можеби сте со мислење дека лосионот за сончање не оди заедно со идејата за добивање темен тен, лосионот е неизбежен. Најпрво изберете некој кој ја навлажнува кожата. Доколку сакате да добиете темен тен користете лосион со 8 или 10 заштитен фактор и нанесете го на целото тело (не пропуштајте ниеден дел од телото). Добрата работа со лосионот за сончање е што ви озвозможува постепено потемнување без изгореници. Најдобро е бавното потемнување, бидејќи така тенот останува подолго и полесно ќе потемнете без да изгорите. Запомнете дека лосионот почува да функционира после половина час, затоа нанесете го пред да одите на плажа.

3. Сончајте се само еден до два часа дневно
Не е потребно многу долго изложување на сонцето за да добиете добар тен - доволни се еден до два часа дневно. Поважно од бројот на часови кои ги поминувате на сонце е редовното сончање секој ден. Исто така, важно е да го сончате секој дел од телото рамномерно и подеднакво. Не заборавајте да ги изложите на сонце сите делови на телото со што ќе постигнете постепено добивање на бојата.

4. Сончајте го целото тело
Доколку е возможно набавете си некоја лежалка од материјал кој ја рефлектира светлината. Така ќе ги исончате и деловите на телото кои најчесто не се изложени директно на сонцето како внатрешните делови од нозете и страничните делови од телото. Лесно е да го исончате предниот и задниот дел од телото, но што е со страните и внатрешната страна на рацете, на пример? Кога се сончате на грб подигнете ги рацете и поставете ја главата малку наназад за да ви се исонча и вратот. Подигнете ги рацете и кога лежите на стомак. Менувајте ја положбата на секои 15-30 минути. Имајте на ум дека најчувствителните делови на телото се вратот, внатрешната страна на нозете, носот и челото. Секогаш нанесувајте дебел слој од лосионот за сончање на овие места, за да добеиете тен пред тие да изгорат.

5. После сончање туширајте се
Добро би било да се туширате после секое враќање од плажа. Сепак, не претерувајте со туширање. Доколку сте се истуширале утрото, после сончањето направете брзо туширање колку да го измиете лосионот за сончање. Никогаш не користете сапуни или гелови за туширање кои ја сушат кожата за да не ви се излупат исончаните делови.

6. Користете креми со навлажнувачки ефект
Кремите и лосионите кои ја навлажнуваат кожата се многу важни за да имате здрава кожа. Нанесувајте ги наутро, после сончање и навечер пред да си легнете да спиете.

7. Пијте многу вода
Една од најдобрите работи кои можете да ги направите за вашата кожа да биде здрава е да пиете многу вода. Водата ќе го одржува вашето тело хидратирано, а со тоа и вашата кожа ќе биде хидратирана. Не пијте вода само додека се сончате, почнете го денот со голема чаша вода и пијте вода во текот на целиот ден.

8. Сончајте се секој ден
Еден ден на сонце нема да направи многу за вашиот тен, а доколку претерате тоа може да води само кон изгореници. Битен фактор за да добиете убава боја која ќе трае долго е да се сончате редовно секој ден. Доколку се сончате еден ден, а потоа повторно неколку дена подоцна, тогаш основата од првиот ден е залудна. Затоа некои луѓе не можат да добијат добар тен кој е долготраен, бидејќи најчесто ги користат викендите за сончање, а не го прават тоа во текот на неделата.

9. Внимавајте да не добиете изгореници
Бидете трпеливи со сончањето и нанесувајте лосион за сончање. Изгорениците ги умртвуваат клетките на кожата, па доколку ги добиете ќе треба да чекате додека на кожата не и се врати природната боја за да започнете повторно со сончање.

10. Заштитете се од дополнителното изложување на сонце
После одењето на плажа ќе има доста прилики кога ќе бидете изложени на дополнително сонце, а ова може да доведе до изгореници. Најдобриот начин да го избегнете ова е да планирате однапред. Секогаш носете со себе јак лосион за сончање со заштитен фактор 30 кој ќе го нанесувате често, носете лесна облека која ќе покрива поголем дел од телото и, се разбира, очила за сонце за да ги заштитите очите.

Важно: Бојата која сте ја добиле ќе биде видлива дури после неколку часови од сончањето. Затоа, додека сте на плажа, нека не ве загрижува тоа дека сте добиле малку боја, таа ќе се покаже дури после 6 часа. Како што веројатно се сеќавате од претходните искуства, доколку добиете изгореници, тие на почеток нема да бидат видливи и состојбата ќе стане полоша дури вечерта.

AddThis

popusti_1

Следете нè


rezervacija_aviobileti

Време

21°
-6°
°F | °C
Overcast
Humidity: 74%
Tue
Cloudy
9 | 27
-12 | -2
Wed
Partly Sunny
9 | 25
-12 | -3
Thu
Partly Sunny
14 | 25
-10 | -3
Fri
Chance of Snow
23 | 27
-5 | -2

Конвертор

Сума   во    

gv online 300x100

 

Партнери

 

Има 20 гости присутни