Вие сте тука:   Дома Блог Закинтос Приказната за засуканиот брод на Навагио плажата во Закинтос

Приказната за засуканиот брод на Навагио плажата во Закинтос

SmugglersCoveShipwreckЗакинтос е најјужниот остров во Јонското море. Заради бујната вегетација, многубројните маслинови дрјва и борови шуми кои се спуштаат сè до морето, Венецијанците во минатото му го дале името „Цвет на Ориентот“. Островот е еден од најголемите природни резервати. Секоја година морските желки Caretta caretta ги положуваат своите јајца на плажите на Закинтос, кој заради тоа се нарекува и 'Остров на желките'. На север, исток и на југ од островот се простираат голем број на плажи, додека на западната страна се наоѓа величенствен каменен предел полн со морски пештери и заливи.
Закинтос е најјужниот остров во Јонското море. Заради бујната вегетација, многубројните маслинови дрјва и борови шуми кои се спуштаат сè до морето, Венецијанците во минатото му го дале името „Цвет на Ориентот“. Островот е еден од најголемите природни резервати. Секоја година морските желки Caretta caretta ги положуваат своите јајца на плажите на Закинтос, кој заради тоа се нарекува и 'Остров на желките'. На север, исток и на југ од островот се простираат голем број на плажи, додека на западната страна се наоѓа величенствен каменен предел полн со морски пештери и заливи.

shipwreck


Најпозната плажа на островот Закинтос е Навагио - плажа со фин бел песок, тиркизно море и познатиот труп на бродот заринкан во песокот. Освен како Навагио (кој на грчки значи труп од брод), плажата е позната и како „Заливот на шверцерите“ заради приказната која објаснува како се нашол таму трупот на бродот кој денес е заштитен знак на Закинтос.

Приказната вели дека во 1980 еден товарен брод во Јонското море бил гонет од Грчката морнарица заради сомнеж дека екипажот се занимава со криумчарење. Наводно на бродот имало „вино, цигари и жени“, а потерата завршила така што бродот затекнат од бура заринкал на плажата каде останал се до денес.

Бродот бил изграден во 1937 во Шкотско бродоградилиште и сменил неколку сопственици пред да заврши во овој мирен залив и да стане негов заштитен знак. Како што одминувале годините, песокот комплетно го опколил бродот кој сега изгледа како да се издигнува од него. Трупот на бродот може да се види во средината на големата бела песочна плажа која ја заплискува кристално јасна морска вода со прекрасна тиркизна боја. Големи вертикални брегови од бели карпи се издигнуваат на песокот создавајќи една спектакуларна глетка и уникатен пејзаж. Милиони фотографии се направени од трупот на бродот, па се вели (без претерување) дека ова место е повеќе фотографирано и од Партенон и Акрополис во Атина.

ZakynthosSW01

2002_0914_100034AA



AddThis

naskoro

qbe300

iguana hostel web

Следете нè

facebook twitter youtube_64 feeds_64x64


aviobileti

Време

73°
23°
°F | °C
Partly Cloudy
Humidity: 53%
Sat
Mostly Sunny
45 | 75
7 | 23
Sun
Mostly Sunny
43 | 73
6 | 22
Mon
Chance of Rain
45 | 70
7 | 21
Tue
Mostly Sunny
39 | 70
3 | 21

Конвертор

Сума   во    

partneri_1

 

Има 140 гости присутни